ФОТО: Плажите во Преспа ќе бидат туристичка атракција


Освен плажите во Стење и Сливница, чие уредување веќе е во тек, наредната година и плажите во Отешево, Крани, Коњско, Претор со најавените проекти ќе добијат подобар изглед.

plaza prespa5– Има најава за проекти кои би почнале наредната година и се однесуваат и на други плажи во преспанскиот регион. Градежните активности на плажите во Сливница и Стење се веќе во тек, а се очекува да бидат готови најдоцна за четири месеци. Најверојатно реконструираните плажи ќе бидат дадени под концесија, но засега се уште ништо не се знае, велат од општина Ресен.

Министерството за транспорт и врски неодамна ги претстави нацрт- проектите за идејно решение за изгледот на плажите во Сливница и Стење.

plaza prespa

Плажите ќе добијат песок, шанкови со кабина за музика, санитарен јазол, простор за чување и користење на урбана опрема како што се лежалки, чадори, соблекувални, чешми и тушеви, игралишта за деца, игралишта за одбојка, мал фудбал и тенис, простор за спасувач, безжичен интернет, информативно пано, платформа за сончање над езерската површина, како и платформа за пловни објекти и издавање на педалинки.

Реконструираната плажа во Сливница ќе биде долга 100 метри, во Стење 500, а истите ќе бидат отворени за туристите веќе од наредната сезона.

plaza prespa2

Со примамливиот изглед и пристапните цени плажите во Преспа се повеќе го истиснуваат Охрид од лидерското место како туристичка дестинација. Туристите се почесто се одлучуваат за селскиот туризам, бидејќи овде го наоѓаат мирот и бегаат од градскиот метеж и секојдневието.

„Дупени бич“, пак, која е позната како плажа на вљубените и која го краси преспанското крајбрежје официјално е прогласена за најубава и најдолга песочна плажа во Преспа.

plaza prespa3 plaza prespa 4 ppp55

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1