Трендот за венчавање на симболични датуми во САД постојано расте и веќе околу 20.000 парови во САД сакаат да се венчаат на 13.12.2014 година
Големото интересирање кај вљубените парови на овој ден да ја крунисаат својата врска е поради тоа што во нивната венчаница, според американските прописи, ќе биде заведено дека стапиле во брак на 12/13/14.
„Моравме да одбиеме многу луѓе. Ни пристигнуваа по 20 барања дневно, што е невообичаено за декември, кој важи за мирен месец кога станува збор за венчавки“ вели матичарка од Њујорк.
Но ова зaдоволство за младенците ќе ги чини и поскапо, затоа што цените на угостителските услуги за овој ден пораснаа, така што во еден хотел во Лас Вегас мени за едно лице чини околу 1.213 долари.










