Во ортопедската клиника Ловран во Хрватска, утрово е оперирана најголемата српска фолк дива Лепа Брена, а операцијата поминала во најдобар ред.
Оваа информација е потвредна од клиничкиот центар во кој пеачката е оперирана наведувајќи дека таа сега се чувствува добро.
– Брена сега е во колку – толку добра состојба, операцијата помина добро -кратко искоментарирале од болницата за српски курир.
Незгодата се случила вчера наутро во хотелот Нови Ресорт кога Брена тргнала на појадок во „апостолки“
– Во еден момент се клизна и фати за сталажата од чадорот за сонце , поради што изгубила рамнотежа и паднала. Притоа со дланките била свртена кон бетонот и се повредила – вели извор за српски курир.