Тага и шок во Кочани: Им го закопале синот во гроб длабок само 40 сантиметри


Шокирано семејството Томовски од глетката на кочанските гробишта. Го закопале Сашко Томовски во гроб длабок само 40 сантиметри. Еден од концесионерите не ги исполнува основните, не само христијански, туку и етички правила. Надлежните очекуваат жалба од семејството за да може да постапуваат.

grob-taznoo– Навистина, покрај болката од загубата на нашиот најмил син, повеќе од шокирачки беше за нас кога сандакот го поставија на само 40 сантиметри во земја. Како тоа, срамота, не е христијански. Шокирачки беше звукот на камењата кои гробарите ги фрлаа врз сандакот, а да нема ниту грам земја. Утре куче да помине и само малку да загреба во камењата, ќе го открие сандакот, ве молам, па не е хумано, не е човечки, изјави Магда Петровска, тетка на починатиот.

– Значи буквално сандакот е повисок од земјата. Со минимален слој од камења и повеќето венци гробарите успеаја да го покријат. Не знам што повеќе да коментирам. Па цвеќе се сади на 40 сантиметри во земја, а не да се положува сандак со покоен. Утрово кога отидовме на гробот, не можевме да се приближиме, од топлото време од гробот се ширеше неподнослива смрдеа. Ова е повеќе од шок за нас, дополни Винко Томовски – тетин на починатиот.

Семејството не може да се помири со фактот дека под неколку сантиметри слој од земја, може да се види сандакот. Зарипнати од болка, родителите упатија замолница до надлежните под итно да го санираат проблемот, а саканото чедо да почива во мир.

Целата сторија на – Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1