Јапонија нуди лек за ебола – СЗО се двоуми


Јапонските компании се спремни, под одредени услови да го понудат експерименталниот лек за да се спречи ширењето на еболата.

ebola345До сега еболата има однесено 1.400 жртви, а за да се спречи ширењето Јапонија е спремна да соработува со СЗО за меѓународна дистрибуција на лекот.

-Информиран сум дека медицинските стручњаци вонредно можат да побараат Т-705, дури и пред одлуката на СЗО. Во тој случај ние сме спремни за соработка но под одредени услвои, изјавил портпаролот на јапонската влада, Јошинде Суга.

Имено, Т-705 е развојното име за лекот „фавипиравир“, а јапонската компанија “Fudzi film holdings” и нејзиниот американски партнер “MediVektor” водат тековни развогори со американските власти.

Од јапонската компанија изјавиле дека имаат произведено доволно лек за околу 20.000 луѓе.

Од друга страна, СЗО ја разгледува можноста за употребата на експерименталниот лек како еден од можните начини за да се сопре ширењето на еболата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1