Нов луна-парк во Скопје ќе се гради со државни пари


Владата ќе одвои пари за изградба на современ забавен парк во Скопје. Постои начелна согласност изградбата на луна-паркот да биде реализирана и финансирана во соработка меѓу Градот Скопје и Владата, потврди  владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

luna park 2Овие најави доаѓаат откако пред неколку месеци пропадна третиот обид на Град Скопје да најде домашен или странски концесионер кој ќе изгради и ќе управува со модерен забавен парк во метрополата, а градоначалникот Kоце Трајановски изјави дека не се откажува од намерата и луна-паркот ќе го гради сам, со пари од градскиот буџет.

Од Градот Скопје одговорија дека буџетот за наредната година е во фаза на подготовка и со неговото носење точно ќе се дефинира можноста за реализација на нов луна-парк, без да изнесат повеќе информации за тоа до каде е постапката и какви се плановите.Luna_Park_Skopje

Според студијата што ја изработи фирмата „ИДОМ Kонсалтинг“ од Шпанија, обновата на Луна-паркот ќе чини околу 7 милиони евра. Тој би се состоел од влез со соодветни придружни објекти, административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалаци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот итн.

Луна паркот сега е на површина од 26 илјади квадратни метри, но според детаљниот план, тој може да се гради на површина од 40 илјади квадрати. Реквизитите кои денес се користат во луна-парк се практично истите со кои тој е отворен во далечната 1973 година, односно родителите кои денес таму ги носат своите деца и самите се возеле на истите рингишпили кога биле мали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1