Мртва невеста во венчаница шета по патиштата: Полицијата фати еден „дух“, за другите нема објаснување!


Пред неколку години, поточно во август 2011, двајца браќа од Бор смислиле морбиден начин да се пошегуваат со возачите на новоотворениот пат кај Зајечар. Еден од нив се облекол во венчаница и околу полноќ ги чекал возачите и ги стопирал со бидермаер во раката. Другиот сето тоа го снимал. Бидејќи преплашиле неколку возачи, преплашените „случајот“ го пријавиле во полиција.

Медиумите со недели истражувале, се прикажувале разни приказни, а по „сеништето“ со бела венчаница трагал тогашниот министер на полицијата Ивица Дачиќ. На крајот браќата биле откриени, но не биле казнети бидејќи едноставно изјавие дека стопирале, што не е казниво дело, како и тоа дека можеле да стопираат облечени во што сакаат па дури и во венчаница.duh343

Духот на невестата која трагично починала пред 50 години

Инспирацијата за оваа невкусна шега браќата ја пронашле во легендата која постои во тие краеви со децении. Сениште на девојка во венчаница која навечер излегува на патот, поврзана е со селото Копривница во општина Зајечар.

Низ народот кружат разни приказни, една вели дека тоа е дух на невеста која пред 50 години загинала во сообраќајна несреќа патувајќи на меден месец, друга пак вели дека невестата се обесила на ова место кога на свадбата ја оставил вереникот.

На М.С. (42) по средбата со мртвата девојка животот му се променил од корен и последиците од таа средба ги чувствува и денес.

– Тоа се случи во 1996 година. Се враќав во Неготин од пат. Како што се приближуваше полноќ, се плашев случајно да не заспијам, бидејќи заморот ме совлада после повеќе часа возење Затоа во автомобилот го пуштив гласно радиото за гласната музика да ме држи буден. На патот имаше и магла што уште повеќе ми го отежнуваше возењето. Одеднаш, на работ на коловозот здогледав девојка, облечена во бело, како ме стопира, На момент помислив: Што ли бара таа овде, кога во близина нема ниту еден спореден пат? Застанав и таа ме праша дали може да ја однесам до Неготин.

Се согласив и таа влезе во автомобилот. Торбата која ја носеше како и својата бела јакна ја спушти на задното седиште. Кога седна до мене ме полазија морници. Девојката беше многу убава. Долгата смеѓа малку извиткана коса и се спушташе по целиот грб. Го изгасив радиото и цел пат до Неготин зборувавме за се и сешто. Ми го кажа своето име и ми рече дека е од едно село од крајот. Одела во посета на вереникот, кому не му се јави бидејќи сакала да го изненади. Искрено, уживав во нејзиното друштво и разговор. Јас инаку отсекогаш бев срамежлив со жените, така што близината на оваа убавица, некако ми годеше.

Ја однесов во центарот на Неготин, и си отидов дома. Утредента, кога повторно влегов во автомобилот, ја видов нејзината бела јакна на задното седиште. Очигледно ја заборавила. Веднаш ги променив плановите и тргнав накај селото за кое ми кажа дека таму живее. Сиот треперев одвнатре што повторно ќе ја видам . Во селото ми објаснија каде е нејзината куа, но ме гледаа некако чудно кога го споменав нејзиното име. Куќата лесно ја најдов. Го паркирав автомобилот, и заѕвонив на вратата. Ми отвори жена со испиено лице, на чие лице веднаш забележав голема тага. Во моментот сфатив дека тоа е нејзината мајка, бидејќи ја имаше истата убавина, само истрошена со времето. Кога и кажав кого барам, жената почна да плаче.

„Сине“ – ми рече – таа умре пред 7 години “.

Не сфатив во моментот: „Како умре? Па, синоќа ја однесов во Неготин. Ја заборави јакната во мојот автомобил. Еве ја.“ Кога ја виде јакната жната почна уште повеќе да плаче. Тоа навистина била нејзината јакна. И тоа онаа во која е погребана.

Ме внесе во куќата, каде на неа и на нејзиниот сопруг им ја раскажав целата приказна. Двајцата плачеа цело време. Девојката која синоќа ја возев во автомобилот, загинала во сообраќајна несреќа пред 7 години. Навистина имала вереник во Неготин. На крајот ме однесоа на гробот. На големиот црн мермер го пишуваше нејзиното име. Од него се смееше исто онака како и синоќа во автомобилот, ја раскажува М.С. својата неверојатна приказна.

Тој не се оженил. Вели дека не може да замисли друга жена освен неа. На гробот на девојката која починала пред 7 години, постојано тој остава црвени рози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1