Маж на југот од Кина со нож избоде четворица ученици од основно училиште. Масакрот се случил во автономниот регион Гуангсу Зуанг во градот Пингшан во моментот кога учениците оделе кон училиште
Три деца починале на самото место, а едно е во болница и се бори за живот.
Полицијата моментално трага по напаѓачот, кој е општан како маж во средни години. Државната кинеска телевизија пренесе на Твитер дека се работи за лице по име Ши, кое живее во овој град.
Полицијата го објави и бројот на регитерските таблички на возилото ан убиецот, а понуди и награ од 20.000 јуани за информации кои би воделе кон нивно апсење.
Бројот на насилните злостроства во Кина порасан во изминатата деценија, која е одбележана со бум на кинеската економија, но истовремено и со рапиден пораст на јазот меѓу богатите и сиромашните. Истражувањата покажаа дека постои пораст на ментално болни, претежно поради стресот.
Денешниот напад е само еден во серијата злосторстава кои се случија во минатите години. На почетокот на овој месец маж уби три деца и еден наставник, а рани и повеќе лица во едно основно училиште што одбило да ја прими неговата ќерка. Во март минатата година еден маж уби двајца свои роднини и избоде 11 лица, вклучувајќи и 11 деца, надвор од училиште во Шангај, а во 2010 имало дури 5 напади во кои се убиени 17 лица, од кои 15 се деца. Порастот на инцидентите ги натера властите да ја зголемат безбедноста околу училиштата.