Љубчо Георгиевски ќе го гради барокниот хотел под Кале?!


Екс-премиерот и претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски е главниот инвеститор за планираниот нов хотел во барок под Кале. Ова накратко е заклучокот од истражувањето на АЛСАТ М за тоа која е фирмата ГМ Инвест Груп, која во вторникот победи на аукцијата за атрактивната парцела со понуда од 44 евра за квадрат.ljubco_georgievski

Според документите од Централниот регистар, фирмата купувач ГМ Инвест Груп од Струмица е во целосна сопственост на друга струмичка компанија- АМГ ЕДИЛХА. ЕДИЛХА пак, според тековната состојба, е компанија основана и во сопственост на физичко лице од с. Секирник, Босилово, но има и содружник- фирмата ВИП Проект од Скопје.

Копманијата од главниот град, патем поседува две третини од вкупниот влог во ЕДИЛХА, а и на нејзината интернет страна се вели дека струмичката е нивна фирма-ќерка.

Сопственик на ВИП Проект пак, е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот, годината и местото на раѓање на поранешниот премиер, тогаш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

АЛСАТ М уште завчера побара изјава по неколку прашања од фирмата која победи на јавното наддавање, а денеска побарале и изјава од Љубчо Георгиевски за планираната инвестиција. Засега, нема одговор ниту од двете места.

Земјиштетото за кое на аукција победи фирма-ќерка на компанијата на Георгиевски, го продава Министерството за транспорт и врски, односно Владата. Екс-премиерот и партијата со која раководи, ВМРО-НП до пред парламентарните избори беа во коалиција со најголемата опозициска партија СДСМ и често критички ја ценеше работата на неговата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1