Грејната сезона и годинава започнува на 15-ти октомври.
Од тие причини дистрибутерите на топлинска енергија ги повикуваат граѓаните да ги проверат инсталациите за парно, бидејќи во просек годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови.
Ваквата состојба, заедно со грижата за сигурноста на домот влијаат и врз интересот за осигурување, па и осигурителните компании токму во овој период од годината се најактивни со понудите за домаќинско осигурување.
Винер Осигурување со пакетот „Премиум“ освен ризик од излевање, покрива и ризици од кражба, од пожар, земјотрес и штета кон соседите, а ова осигурување е со цени од 1.499 денари годишно.
Цената и опфатот на новиот пакет го потврдува насочувањето на деловните процеси кон потребите но и можностите на граѓаните.
Од компанијата БЕГ ги повикуваат корисниците да ја пријават секоја завршена интервенција на грејната инсталација, заради која објектот бил испразнет, како и отстранетите дефекти поврзани со напојувањето на топлинската станица со електрична енергија.
Упатен е и апел за навремена проверка и подготовка на радијаторите, со цел да се одбегнат потенцијалните проблеми при дистрибуцијата и да се избегнат несаканите штети кои настануваат поради истекување од инсталациите