Џејмс Харисон (77) од Австралија, треба да се прогласи за херој. Имено, тој изминатите 6 децении спасил живот на над 2 милиони бебиња, со донација на крвна плазма.
Харисон има ретка крвна група која содржи антитела за одбрана од Rhesus disease, смртоносна форма на анемија која ги погодува новороденчињата. Донирал над 1000 пати и се здобил со прекарот „Човекот со златна рака“. Освен останатите деца, за среќа тој успеал да си ја спаси и сопствената ќерка, Трејси.
Неговата приказна е одамна, но добро е да ја запознае секој.