Се повеќе деца во болница со проблеми предизвикани од аеро загадувањето


Расте бројот на деца кои се хоспитализирани на Институт за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ со проблеми предизвикани од аеро загадувањето. Лекарите велат, кревкиот имунитет на децата, реагира на лошиот квалитет на воздухот. Дополнителни проблеми кај децата предизвикуваат штетните гасови од возилата и честичките кои се емитираат во воздухот од градежните активности, пренесе Алфа.

kozle bolnica

Дечињата во овој период од годината најчесто пројавуваат респираторни и алергиски симптоми, како и вирусни инфекции, кои честопати поради пад на имунитетот доведуваат до бактериски инфекции. И храната, исто како и загадениот воздух придонесува до зголемено заболување кај најмалите.

Висока концентрација на штетни честички во воздухот, до седум пати над дозволеното и вчера биле измерени во скопско Лисиче, кое заедно со Гази Баба и Центар се најзагадени општини во метрополата. Мерните станици на Министерството за животна средина детектирале зголемено загадување на воздухот и во Битола и Тетово. Од партијата на зелените ДОМ, ја поздравија одлуката за затворање на големите индустриски загадувачи Макстил и Југохром и посочија дека потребни се итни мерки на Владата за борба против загадувањето.

Маглата која надвисна над главниот град, направи мали проблеми и во авио сообраќајот. Од ТАВ велат дека изутрината одложен бил еден лет, а друг пренасочен кон аеродромот во Солун. Со расчистување на маглата, нормализиран е и распоредот на полетувања и слетувања на скопскиот аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1