Основачот на „Нови фосили“ заврши на психијатрија


Основачот на легендарната хрватска група „Нови фосили“, Рајко Думиќ (60) заврши во загрепската клиника за психијатриски болести „Врапче“ и нема да учествува во остатокот на прошталната турнеја на групата., јавуваат хрватските медиуми.rajko-dumic

Прошталната турнеја на „Нови фосили“ во рамки на која го одржаа првиот проштален концерт  во белградскиот „Сава центар“, е последна прилика за нивните фанови во живо да го слушнат славниот состав чии хитови ги пееше цела Југославија. Меѓутоа без основачот и авторот на поголемиот дел од хитовите на групата.

Како што пренесуваат медиумите членовите на групата барале од Думиќ писмено да се обврзе дека за време на концертот во Белград ќе биде „чист“, но тој не сакал да го стори тоа и поради тоа групата се разишла со него. Думиќ во меѓувреме заврши на загрепската клиника за психијатриски болести , а групата соопшти дека тој најверојатно нема да учествува во остатокот на турнејата.

– Состојбата на Рајко е таква што по неговата присилна хоспитализација не може да ги исполни договорените обврски. Жал ни е поради тоа, ние ќе продолжиме да го поддржуваме во обидите да закрепне и да оздрави.

Како што пренесува хрватскиот портал „24сата“, Думиќ водел долгогодишна битка против болестите на зависност, а пред турнејата членовите на групата од него барале да се обврзе да биде „чист“ за време на настапите. Меѓутоа  тој не можел да го направи тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1