Џихадисти ја убиле девојката која што го бранеше Кобане?


На интернет се прошири вест дека наводно е убиена Рехана, девојката која што стана симбол на Кобане, откако нејзина фотографија се прошири на глобалните медиуми.

Оваа припадничка на курдските сили, стана симбол за надеж во опколениот сириски град, откако еден новинар објави нејзина фотографија на „Твитер“, со изјава дека таа убила повеќе од сто припадници на ИСИС.zeni kurdi2

За потсетување воените судири за Кобане, кој се наоѓа во близина на турско-сириската граница траат повеќе од еден месец. Градот кој од три страни е опкружен со терористи, го бранат курдските сили, меѓу кои има илјадници жени што е невообичаено за муслиманскиот свет.

Во извештаите на невладините организации стои дека огранокот на Ал Каеда во Сирија, Фронт ал Нусра и бунтовничките единици утрово тргнале во опсежна офанзива на сирискиот град и покраината Идлиб.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека од раните утрински часови траат жестоките судири помеѓу режимските сили, кои имаат поддршка од Народната одбрана и борците на Ал Нусра и исламистичките бунтовнички групации.

Рами Абдел Рахман, директор на невладината организација која располага со голем број информации ширум Сирија, вели дека бунтовниците и порано се обидувале да го заземат градот, но сега за прв пат напаѓаат од сите страни. Според нивни податоци најмалку петмина бунтовници од Ал Нусра се убиени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1