„Епл“, „Гугл“, „Фејсбук“, „Мајкрософт“ и „Амазон“, се петте гиганти од САД во Интернетот и во високите технологии, кои заедно вредат речиси две билиони долари.
Италијанскиот магазин „Панорама“ ги прогласил за „газди на светот“, токму поради нивната вредност, но и поради влијанието кое го имаат врз човечките животи. Списанието наведува дека овие компании сега имаат вистинска глобална моќ, која ја обезбедува супериорноста на САД. Нивните главни менаџери разговараат на еднакво ниво со шефовите на државите и со премиерите на владите, влијаат на донесување на закони во американскиот Конгрес, бараат примени на нивните регулативи за приватност, па дури влегуваат и во директен конфликт со Еворпската унија во врска со даночни несогласувања.
– Од музика до пеглање на кошула, од пријателства до кредитни картички, интернет гигантите сега веќе знаат буквално се’ за нас… Имаат револуционерени идеи, бидејќи правилата кои ги утврдило капиталистичкото стопанство не одговараат на нивниот бизнис. Но, почнуваат да влеваат страв, пишува италијанскиот магазин.