3 повредени деца, двајца на инфузија – тепачка во автобус во Влае


Три лица, од кои две малолетни и еден полнолетен биле повредени кога вчера околу 14 часот во автобусот број 64 кај Порта Влае во Скопје биле нападнати од десетина други.

Напаѓачите најпрво ги провоцирале малолетниците со погрдни зборови на национална основа, а потоа почнале да ги удираат со клоци и тупаници по главата и по телото, велат очевидци.policija-vo-avtobus500

Повредени се малолетниците Тихомир П. (15), Владимир С. (15) и Кристијан И. (19). Кога случајот бил пријавен во полиција, напаѓачите тврделе дека тие биле нападнати од тројцата малолетници.

Според очевидците, малолетниците седеле на горниот кат од автобусот, по што од непознати причини биле нападнати од десетина други помлади патници во автобусот, кои со тупаници и шамари пробале да ги симнат на долниот кат од автобусот. Потоа ги извадиле ремените и со металниот дел почнале да ги маваат. Еден малолетник бил посериозно повреден на главата.

Потоа нападнатите успеале да излезат, застанале пред автобусот и не дозволиле да тргне додека не дојде полиција. Набрзо потоа дошла и брзата помош и полицијата. Повредените лица веднаш биле пренесени во болница. Еден од нив добил и неколку копчиња на главата, а другите двајца примиле инфузија.

По укажаната прва помош, повредените отишле во полициската станица Карппош да дадат изјави. Тука, полнолетниот Кристијан добил казна од 700 евра за учествување во тепачка, затоа што членови на другата група изјавиле дека нападнатите лица носеле ножеви и палки. Но, на лице место полицијата не нашла ништо.

Повеќе информации за настанот МВР најави за денеска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1