Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје вчера го лиши од слобода лицето Африм Р.(46).
Тој се барал за издржување затворска казна во траење од единаесет години, за сторено кривично дело “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.
Истиот е спроведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.