Најбараната британска џихадистка Саманта Лутвејт, (30), осомничена за тероризам, која медиумите ја нарекоа „Белата вдовица“, е убиена во Украина, пренесува Дејли мејл.
Лутвејт наводно е убиена од страна на руски снајперист пред две недели, објавија руските медиуми.
Едно од најбараните лица во Велика Британија, се верувало дека „Белата вдовица“ се бори на страна на џихадистите на Исламска држава во Сирија.
Британката била венчана за Џермејн Линдзи, бомбаш-самоубиец кој во 2005 година во големиот терористички напад во лондонската подземна железница уби 26 луѓе.