Луксузниот автомобил Крајслер од шеесетите години од минатиот век, кој тогашниот претседател на САД Џон Кенеди му го подарил на југословенскиот колега Јосип Броз Тито пропаѓа на нива во Штрпце.
Во овој автомобил кој многумина радо би го гледале во својата гаража, а кој е запуштен на нива, некогаш се возеа претседателите на двете земји и нивните сопруги. Лимузината, која настанала во халите на „Џенерал моторс“ во Детроит, со вграден специјален мотор на Мерцедес, со години прпаѓа на нива на имотот на Момчило Чавиќ. Крајслерот е оставен тука пред неколку години, а сопственикот не се јавува, бидејќи одамна отпатувал во странство.
Возилото пред војната го набавил Чавиќ на јавната продажба во Генералштабот на ЈНА во Белград и го пренел во родниот Дрвар.
Меѓу оние кои се возеле во Крајслерот е и професионалниот Јеленко Мариќ, кој по Дрвар, животот го продолжил во Прњавор.
– Неколку години уживав возејќи го тоа чудо од автомобил. Го привлекував вниманието на минувачите, бидејќи таков автомобил нема на просторите на бившата држава. Имаше неколку понуди на потенцијални купувачи, а се движеа и до 30.000 евра. До пазар не дојде, бидејќи не сакаше мојот вујко, инаку сопственик на автомобилот, рекол Мариќ.
Вели дека Крајслерот уште е во добра состојба и дека со мали интервенции повторно може да ги краси патиштата.
– Сигурно е дека возилото има посебна вредност, особено за богатите колекционери, баш поради фактот што Кенеди специјално го нарачал за Тито. На запад ваквите возила би достигнале астрономски сцени, објаснува Мариќ.
И поради трагичната судбина на претседателот Кенеди, кој е убиен во Далас неколку месеци откако му го подарил автомобилот на Тито, запуштениот Крајслер стана своевиден раритет. Свесни се за тоа и во општинската туристичка организација, па се обидуваат да најдат начин како оваа атракција на четири тркала да ја претворат во туристички бренд.