Кадри Акташ е хулиганот кој минатиот петок го избоде до смрт навивачот на Црвена Звезда пред кошаркарскиот натпревар во Евролигата помеѓу Галатасарај и Звезда.
Откако беа уапсени повеќе лица, денес конечно е откриен идентитетот на убиецот на навивачот на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ. Станува збор за 53-годишниот Кадри Акташ кој денес бил фатен од полицијата во обид за бегство. Акташ го призна убиството, но сепак ги отфрла обвиненијата.
„Несвесно го зедов ножот со мене. Тие провоцираа, а ние одговоривме со камења и метални шипки. Во меѓувреме добив жесток удар во носот и доживеав голем шок. Во тој момент замавнав со ножот за да го оттурнам (загинатиот навивач Марко Ивковиќ) од мене бидејќи не можев да мрднам од шокот. Дечкото беше повисок од мене, со сина коса. Признавам дека го забив ножот во неговите гради, но ги отфрлам обвиненијата“, била изјавата на Акташ за турската полиција.