Сигурно сте слушнале дека јавните личности добиваат паричен надомест за рекламирање на одредени брендови преку своите приватни профили на социјалните мрежи. Сопствениците на еден хотел во Стокхолм го кренале тој вид на реклама на многу повисоко ниво.
„Нордик лајт хотел“ во Стокхолм ги прифаќа „личните профили на социјалните мрежи“ како вид на трансакција. Имено, секој кој има над 2.000 пријатели на Фејсбук или 100.000 следбеници на Инстаграм може бесплатно да добие седум ноќевања во овој луксузен хотел, во кој инаку ноќевање чини помеѓу 350 и 400 евра.
Се што треба да направите (доколку ги исполнувате условите) е да објавите постови кога сте ја направиле резервацијата, кога сте се чекирале, кога сте изглегле од хотелот, со сите тагови кои менаџментот на хотелот ги бара. Ако прескокнете нешто од ова, хотелот го задржува правото да ви наплати полна цена на престојот.
Првиот човек на овој хотел, Маркус Мајевски, е убеден дека трошоците на бесплатниот претстој не се поголеми од приходот кои хотелот посредно ќе го оствари поради промоцијата на социјалните мрежи и дека на подолги патеки ваквата акција повеќекратно се исплатува.
За оние кои немаат толку пријатели на Фејсбук и следбениците на Инстаграм постојат начини да добиете попусти во овој хотел.
А правилата можете да ги погледнете тука.