Заев го молел Ахмети да излезе од Влада


Опозицискиот лидер преку посредници го молел Али Ахмети да излезе од владината коалиција, објави Алфа. Партиски извори откриваат дека тој тврдел оти ќе објави некои информации за владата кои ќе создадат тензии.

zaev sudenje 2

Опозицискиот лидер преку посредници го молел Али Ахмети да излезе од владината коалиција, дознава Алфа. Партиски извори откриваат дека тој тврдел оти ќе објави некои информации за владата кои ќе создадат тензии, но и ќе му отворат простор на албанскиот блок. Лидерот на ДУИ на ова одговорил со порака – победи на избори со програма и добра понуда. Со хаотичност и деструктивни политики, ништо нема да добиеш, брифираат од Мала Речица за телевизијата

И извори од СДСМ блиски до групата незадоволни од актуелното раководство потврдуваат дека Заев му пратил абер на Ахмети, но и дека добил негативен одговор.

Со месеци Заев како што посочуваат ги држи во неизвесност за наводната бомба која секојдневно ја најавува, а нивното трпение од ден во ден е се помало. Дел од пратениците велат дека нема да се откажат од мандатите.

Ова е за жал позната пракса на Заев. Не е прв пат Заев да моли кај албанскиот фактор. Тачи обелодени пораки, во кои опозицискиот лидер моли за средба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1