Денес, околу 11 часот, во подрумските простории на ООУ „Јан Амос Коменски“ во работилницата за училишен инвентар избил пожар со мали размери, кои обезбедувањето и вработените веднаш го изгаснале, соопштија од Општина Карпош
Учениците веднаш биле евакуирани и освен што се преплашени, нема повредени. обезбедувањето и тројца вработени се симнале во работилницата, каде со училишниот хидрант и со со два-три противпожарни апарати го локализирале пожарот.
Заради безбедност и подрумскиот чад децата се ослободени од наставата и пуштени дома.