Aвтомобил утринава се движел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. Полицијата го запрела на излегување од тунелот. Возачите велат дека ова е чест случај на оваа делница. И во полиција имало неколку пријави за возачи, и со домашни и со странски регистарски таблички кои се движат во спротивен правец на овој автопат.
Фотографијата е преземена од Ѕид на сообраќајниот срам