Жителите на бугарскиот град Варна виделе необична мачка како скита по улиците. Мачката може лесно да се забележи, зошто за разлика од другите, оваа е со јака зелена боја.
Многумина претпопоставија дека некој намерно ја офарбал мачката, па на Фејбук се појави и страница со повик да се казнат одговорните. Меѓутоа за изгледот на мачката постои многу невино објаснување. Забележливо е дека мачката од ден на ден е се позелена.
Откриено е дека таа спие во напуштена гаража полна со синтетичка боја. Мачката изгледа здраво но од организацијата за заштита на животните предупредуваат дека бојадисувањето на мачките може да има опасни последици.