Нов државен грб – црвен лав ќе го замени житното поле


Жолто златно поле на кое ќе има  разгневен црвен лав ќе биде новиот државен грб на Македонија.

Владата на Република Македонија на владина седница го усвои нацрт- законот за државен грб, по што ќе следи јавна расправа. Со новиот државен грб се очекува да се постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои ги содржи.

nov grb

Новиот грб ќе има црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Според образложението, причините за тоа се враќање кон историските вредности.

За да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство, за кое се вели дека веќе е договорено меѓу коалициските партнери.

Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија, објави Алфа , а златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.
Инаку оваа промена на државниот грб доколку се усвои ќе биде втора, а првата  во која беше отстранета само црвената петокрака се случи во 2009-та година.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1