ВИДЕО- ВНИМАВАЈТЕ: Пегли на познат производител се палат во рацете, повлечени од продажба!


Компанијата „Расел Хобс“ повлече од пазарот 15-тина модели од своите пегли, откако доби серија поплаки за нивниот квалитет, па дури и обвинувања дека се запалиле при употреба.

Производителот им порачал на корисниците веднаш да престанат да ги користат моделите на нивните пегли кај кои бил откеин дефект.

Многу корисници се јавиле со поплаки и се пожалиле дека пеглите им ги изгореле рацете, па дури и објавиле фотографии.

pegla

„Како дел од нашиот континуиран систем за контрола на квалитетот, ја откривме причината за проблемите во еден дел од пеглите од наше производство. Кај навистина има ризик од запалување“, стои во известувањето на компанијата.

„Расел Хобс“, една од поголемите компании за производство на апарати за домаќинство, им се извини на корисниците за непријатностите и најави дека ги повлекува од пазарот пеглите од моделите: 18651, 18742, 19220, 19221, 18743, 19840, 18720, 15081, 19222, 19400, 20260, 18741, 20280, 20550-10 и 20560-10.

Притоа било откриено дека компанијата знаела за дефектот цели 18 месеци, а дури сега одлучила да ги повлече производите од пазарот.

Производите на оваа компанија се достапни и во Македонија, но за сега не се знае дали на пазарот има и од спорните опасни пегли.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1