Гостин на вечерашнава емисија “Win-Win” која се емитува на 24 Вести беше министерот за образование и наука, Адеми. Водителката во текот на разговорот му постави неколку интересни прашања во врска со државниот испит, па така и на лице место во емисијата имаше можност да го тестира занењето на министерот.
-Вие сте инженер по металургија. Ако се обидам да ве ставам на државен испит со одговори под А Б и Ц, едно прашање за металург, што е петрологија?
-За да се полага на државен испит мора да се повтори, јас дипломирав 1996 година, има разлилни предмети можат да се постават различни прашања, рече Адеми.
-Ајде да ја баталиме петрологијата, инаку е наука за карпите, знаете ли колку хемиски елементи има Менделеевиот систем?
-Ние не сме тука за одговараме на прашања од мојата струка, туку за реформите на педагошките факултети и за реформите во високото образование, рече Адеми.
Сте ја прочитале книгата „Лекции од Финска“?
Не сум ја прочитал, но знам за Финска дека е најдобро рангирана и има најквалитетно обрзование во основно, рече Адеми.
Погледнете го одговорот
Прашањата започнуваат некаде околу 7-та минута.