Единаесетгодишната Фјола С. (11) од Арачиново загинала кога била прегазена од два автомобила додека се враќала од училиште, завчера во Арачиново. Од добиените повреди девојчето починало на пат кон Градската болница во Скопје. Сообраќајната несреќа се случила во 16.40 часот во близина на мостот од каналот што поминува кај селото.
По завршувањето на часовите во основното училиште „Скендер-бег“, девојчето тргнало да си оди дома. Во моментот кога ја поминувала улицата 1, во неа удрил автомобил „голф“, што го управувал А.Б. (39) од Арачиново.
Од ударот девојчето било отфрлено и паднало на спротивната коловозна лента. Но во тој момент била прегазена од друг „голф“, што го управувал И.В. (41), исто така од Арачиново.
По несреќата, девојчето веднаш било однесено во Градската болница, но починало на пат кон болницата. Јавен обвинител, екипа на крим-полицијата и увидна екипа извршиле увид на местото на несреќата.