По веста за влошената здравствена состојба на кралицата на ромската песна и нејзиното синоќешно завршување во болница, се јави менаџментот на Есма Реџепова со демант на информациите и написите кои беа објавени во јавноста. Демантот Ви го пренесуваме во целост:
Почитувани читатели,
Би сакала да ја деманирам веста дека Г-ѓа Есма Реџепова е префрлена итно во болница поради влошена здравствена состојба. Точно е дека Г-ѓа Есма беше во клиничката болница „Систина“, каде што беше на рутинска, однапред закажана контрола. Го молам порталот и официјално да ја демантира оваа вест, која ја доведе во заблуда целата македонска јавност. Воедно, на обожавателите и почитувачите на Г-ѓа Реџепова ин потврдувам дека госпоѓата се чувствува одлично и со нетрпение Ве очекува сите за дочек на Нова Година да бидете на Плоштадот Пела во центарот на Скопје и да се дружите со неа и нејзината песна.
Со почит, Весна Ѓорѓиевска,
Менаџер на Есма Реџепова Теодосиевска