Во Македонија во подем ангажирање приватни детективи поради неверства


Изневерувањето на брачниот другар, проверка пред брак, следење на децата, проверка на лицата што се запознаваат на социјалните мрежи, се најбараните услуги од приватните детективи во земјава. Со неколку детективски агенции разговараше „Нова Македонија“.

telefon spion

– На телефонскиот број на агенцијата се јавува жена што се сомнева дека мажот ја изневерува. По разговорот и сите формални и законски договори, почнавме да ги преземаме сите оперативни мерки за констатирање на сомнението. Заклучивме дека тој не ја изневерува, туку по работното време заминува да работи на друга хонорарна работа за дополнителен приход, без да ја извести сопругата. Жената не ни веруваше, па моравме да ги документираме сите негови активности. На крајот дознавме дека сите пари од платата на мажот ги земала сопругата, а тој ја зел дополнителната работа за да има свој фонд на пари со кои ќе може без контрола на сопругата да се обложува во спортски обложувачници и да се дружи со другарите по кафеани – вели детективот Александар од „Детектив објектив“.

И фирмите ги следат работниците
– Фирмите нѐ ангажираат за наоѓање информации за престојни деловни разговори, проверка на потенцијални кандидати при вработување, лица што се вработени во фирмата и слични бизнис-информации – велат во агенцијата„ДЕГА детектив“.

За цените на нивниот ангажман велат дека сѐ зависи од обемот и тежината на барањето на клиентот, а најчесто изнесува околу десет евра на час

Целата сторија на Јасна Атанасова зна novamakedonija.com.mk 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1