Новинар на Би-би-си, засрамен, но прилично развеселен се мачел да го заврши прилогот откако се издрогирал стоејќи премногу блиску до купот запалена дрога.
Квентин Сомервил, дописникот на британскиот јавен сервис од Блискиот Исток, го постирал видеото денес на Јутјуб како „божиќен подарок“ за своите следбеници на социјалната мрежа Твитер.
На видеото, кое е наречено „Не вдишувај“, може да се види новинарот како стои до огромен куп хероин, опиум и хашиш, и додека се обидува да го почне прилогот не може да престане да се кикоти.
Новинарот со база во Ерусалим, досега известувал за неколку големи и сериозни настани на Блискиот Исток откако бил испратен како дописник од фронтот во 2012, вклучувајќи ја и кризата со Исламска држава.