Двајца луѓе успеавме да пренесеме во странство и да ги заштитиме, но за жал еден од нив не успеавме да го испратиме во странство, а тоа е Зоран Верушевски, изјави Зоран Заев, првиот човек на СДСМ, на вчерашното гостување на порталот Нова ТВ, кое по 40 минути беше прекинато поради технички причини.

На прашањето, дали имате луѓе кои би сведочиле против режимот, на вечерашната дебата на Нова ТВ, каде лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговара на прашања од граѓаните, тој рече:
– Двајца луѓе се надвор од државата уште пред Нова Година, едно семејство не успеав да го изнесам надвор за да не му се случи тоа што му се случи – одговори Заев.
Заев рече дека откако почнал да ги објавува снимките од прислушуваните разговори му пристапиле блиски соработници на оваа власт, „кои се каат за стореното и ни даваат нови и нови информации за криминалот на оваа власт“.
„Тоа ме охрабрува. Ваквите луѓе се одважија и јас ги охрабрувам. Тоа се луѓе што си ја сакаат татковината, државата“.









