Мајкл Серино (40) полицаец од Масачусетс бил на одмор во Португалија каде застанал во ресторан.
Нарачал супа од морски плодови и тогаш се случило нешто неочекувано. Додека јадел, во устата почувствувал „камче“ поради кое за малку ќе скршел заб.
„Сопругата ме праша ’Каков камен е тоа?’, го избришав и видов дека личи на бисер, па одлучив да го ставам во џеб и да го понесам во Америка“, рекол Серино по враќањето од одмор.
Потоа, Мајкл и неговата сопруга гледале емисија за бисери и само што не паднале во несвест: нивното „камче“ било многу редок и скапоцен розе бисер, кој може да достигне цена и до 13.000 евра!
Следувала општа потрага, а „богатството“ го нашле во кутија за накит на една од нивните три ќерки.
Вредноста на откритието од супата ја потврдил еден американски институт, а веројатноста да се пронајде таков бисер е 1 спрема 100.000. Брачниот пар Серино сега со нетрпение го очекува 15. март кога се одржува аукција на која ќе го понудат бисерот.
Почетната цена ќе биде 4.400 евра, а во аукциската куќа велат дека само небото е граница.