Главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести, Гоце Михајлоски си поднел оставка на функцијата. Причините како што дознава Press24 се притисоци од менаџментот на телевизијата.
Гоце Михајлоски беше познат по серијата професионални интервјуа направени со голем број македонски политичари. Последно во низата интервјуа беше она со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кога Михајловски му ги постави сите прашања на кои јавноста очекуваше одговори.
По ова интервју, менаџментот на телевизијата реагирал кај Михајловски за неговата „претерана неутралност“.
Михајловски му соопштил поранешниот советник во кабинетот на Црвенковски дека си поднесува оставка на функцијата и дека нема да дозволи да се руши неговиот новинарски интегритет, пренесува порталот
Од Михајлоски се уште нема потврда на оваа информација.
На местото на Гоце Михајловски како в.д. главен и одговорен уредник е поставен Сеад Ризвановиќ кој заедно со Михајловски работеше во А1 телевизија во моментот кога медиумот беше затворен поради криминалот на неговиот сопственик Велија Рамкоски.
Интересно е што Здружението на новинари на Македонија молчи за целиот случај. Ова не е прв пат уредници на оваа телевизија да го обвинат менаџментот за политички притисок