Охриѓанката Билјана Јанеска боледува од малиген меланом. Таа извршила операција во странство, но сега и е потребно дополнително лекување за да не се поврати болеста. Третманите во странство чинат илјадници евра.
Билјана, која од Штип, отиде да го бели платното во Охрид, со љубов во срцето и со две вредни раце, кои во еден бутик створија егзистенција, за неа, за децата и за сопругот, кој ете…веќе не е со неа.
И како во многу други приказни, кои сум ги раскажала, така и во оваа, кога колата ќе тргне низ брдо, едно лошо лепи друго, уште полошо, па лавина од несреќи се обидува, да ја потрупаат мојата Билјана, која е вистински и жив лик …
После илјадници километри поминати по патиштата до Истамбул и назад, траумите и стресовите поради растуреното семејство и пропаста на биснисот, со кој веќе не може да се занимава, поради болеста со која се бори секој ден,
во нејзините очи, може да се прочита само стравот, кој секоја, ама баш секоја мајка го носи со себе,
и прашањето, кое ја разденува, а не ја буди, зашто и не заспива никогаш…
„Кој ќе се грижи за моите две пилиња, ако не се изборам со овие ситни клетки прошетани низ моето тело?“
И не знам, дали во совршениот свет створен од создателот, има место за поправки на кривините низ кои поминуваме, а тој ни ги црта, но знам, дека скапоценоста на еден живот, на неповторливиот феномен наречен човек , ме тера да мислам дека вреди да се обидеме … да се обидеме да ја поправиме грешката, која Бог играјќи си „чирак“ со мојата Билјана, можеби и сите нас не става на испит … или ни ја дава можноста, да покажеме какви и колкави „мајстори“ сме во хуманоста?!
Ја мразам лавината и планината од тежини врз грбот на нејзините и Ве молам за помош …
За да бидат насмеани и нејзините деца…
А Билјана …таа да дремне понекогаш…
и пак да го бели платното на Охридсите Извори!
Затоа што лек има…ама за него требаат пари!
– Поради ризик од проширување на метастазите од малиген меланом stage 3 и враќање на болеста после тешки 3 операции , потребни ми се големи финансиски средства за да продолжам со лекување во странство, каде во лиценцирана клиника во Унгарија за лечење меланоми со специјални терапии се плаќа 500 евра на ден.Сумата е голема на годшсно ниво , но постои мозност за стартна програма на лечење од 2-3 недели со обука за продолжување на третманот во домашни услови , но и за тие третмани ќе бидат потребни средства . Да собереме барем за стартниот третман кој би чинел10.000 евра. Ве молам да ми дадете поддршка за да продолжам со лекувањето и да се изборам со болеста, моли Билјана Јаневска од Охрид мајка на две малолетни деца.
Ова се сметките за донации : 210501682246023 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА за девизи и 200001840023159 Стопанска банка, за денари . УПЛАЌАЊЕ ОД СТРАНСТВО :CLIENT DETAILS : name / surname : BILJANA JANESKA , Add: ZELEZNICKA 8 OHRID , IBAN Code MK07210501682246023 BANK DETAILS : BANK NAME : NLB TUTUNSKA BANKA A.D.SKOPJE ; BANK ADDRESS : MAJKA TEREZA BR 1 ; DRZAVA : MAKEDONIJA ; SWIFT : TUTNMK22 .
Телефонски броеви за донации:
VIP 077 143 404
ONE-075 143-650
Да бидеме хумани и да и дадеме шанса на оваа прекрасна мајка да биде покрај своите деца.