Најмногу снег на Стража и во Полог, силен ветер во штипско и во битолско


Интензивни врнежи од снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија, но и во Полог. Најголема снежна покривка има кај преминот Стража на патот кон Кичево. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег

Во другите делови е облачно со слаби врнежи од дожд. Во штипско и битолско дува засилен ветер од југоисточен правец кој на моменти достигнува брзина до 60 кикометри на час.

Ѕид на сообраќајниот срам

Ѕид на сообраќајниот срам

Најмногу дожд 16 литри ќе наврнат во Пожаране, 13 Охрид, 11 Тетово, 9 Маврово, 8 Дебар, 7 Крушево, 6 Скопје, Куманово и Лазарополе, 5 Претор и Ѓуриште, 4 Битола, Виница и Тополчани, 3 Прилеп и Берово, 2 Демир Капија, Штип, Гевгелија и Кавадарци и 1 Струмица и Пожар.

Утрово негативни температури се измерени во Маврово -2 и Крушево -1. На останатите места измерени се температури над 0. Во Тетово, Крива Паланка и Лазарополе 0, во Берово 2, во Прилеп, Претор, Дебар три степени, во Скопје, Охрид, Битола, Кавадарци, Виница и Куманово четири, во Струмица и Дојран 5 и во Штип, Демир Капија и Гевгелија се измерени шест степени целзиусови.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и ноќта кон петок и локално се очекува да наврнат над 25л/м2, на повисоките и на некои пониски места врнежите од дожд ќе поминат во снег, особено во северните и западните делови од земја. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за повеќе од 20 см.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје во текот на ноќта можно е дождот да помине во снег. Дневната температура ќе достигне околу 7 степени.

И утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег, на југоисток ќе бидат главно од дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Пообилни врнежи повторно ќе има попладне и ноќта кон сабота и локално се очекува да наврнат нови 30л/м2, особено на југ и југоисток. Во западните и северните делови се очекува формирање на снежна покривка и на некои пониски места, додека на планините ќе продолжи значително да се зголемува (нови 20см и повеќе). Врнежите од снег ќе продолжат до недела претпладне. Од понеделник следува стабилизација на времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1