Тим на научници во Британија, направиле истражување за да дознаат како делува алкохолот на сонот. Резултатите и не се многу зачудувачки.
Здрав сон, пиво, кафе, јогурт, расолница ова се дел од народните лекови против мамурлук.
Но, британски научници предупредуваат дека сонот по употреба на алкохол му штети на здравјето. Кога ќе заспиеме, а сме пијани чувствуваме недостиг на воздух и отежнато дишење. Сонот не е мирен и се будиме одвреме-навреме.
Алкохолот за неколку пати го намалува квалитетот на здравиот сон. Тој не приспива, па многу луѓе го користат како превентива за полесно заспивање.
Сепак, со овој начин можеби побрзо ќе заспиете, но сонот ќе биде квалитетен само во првите часови од ноќта.
Мирниот сон е многу важен за мозокот, бидејќи освен што ни помага да бидеме свежи и одморени, ја засилува и нашата меморија.