Познатиот бизнисмен Сефер Цаноски на својот профил на Фејсбук објави дека станал и официјално кум на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровки – Мачка.
„Официјално станав КУМ на мојот долгогодишен другар Александар Димитровски. Среќно и бериќетно, нека биде вечна љубовта помеѓу Мачка и Тамара и со Господ напред вечно кумство“, напиша Сефер на Фејсбук
Тамара и Мачка се свршија во септември, а свршувачката ја прославија во друштво на многу нивни пријатели во ресторанот „Атланта“. Двојката планира да се венча во јуни.