„Виз ер“ воведува лет од Охрид до Лондон – еве колку ќе чинат билетите


Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од 14 јуни годинава ќе воведе авиолинија од аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ до аеродромот Лутон во Лондон. На таа релација авиокомпанијата ќе оперира двапати неделно, во среда и во недела, со почетни цени на билетите од 1.499 денари

viz air avion
– Денеска на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денеска додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија, изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на „Виз ер“.

Од македонските аеродорми „Виз ер“ нуди  21 линија до 9 држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1