Двегодишно девојче денеска околу 13 часот беше грабнато од рацете на нејзината мајка во населбата Браќа Јерковиќ во Белград.Мајката се враѓала од продавница заедно со девојчето, кога киднаперот и пришол од зад грб и го грабнал дететто. Жената очајно се обидувала да ја врати ѓерката, но киднаперите и ги скршиле прстите со вратата од автомобилот.
Мажот и жената го грабнале девојчето од рацете на мајката и побегнале со возило марка БМВ со сива боја со затемнети стакла и романски таблички., по што ја пробиле рампата кај Шимановци. Тие се обиделе да го ослободат девојчето, но сепак полицијата успеала да им го попречи патот и да ги уапси.
Како што пишува српски „Курир“ станува збор за тројца киднапери, две жени е еден маж, а кај нив бил пронајден лажен пасош подготвен за детето.
Според неофицијалните информации, киднаперите одбиваат да соработуваат со полицијата и говорат на шпански јазик. Во моментов полицијата се обидува да го утврди нивниот идентитет.