Ќе се изненадите: Сите примени на сапунот во домот


Ги штити билките од инсекти

Половина сапун ставете во вода. Мешавината ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги ливчињата од билките од долната страна. Бидете сигурни дека ваште билки ќе бидат заштитени.sapun_1361887960_420x0

Ублажува убод од инсекти

Доколку сакате да го намалите чешањето или болката по убодот од инсекти, посегнете по сапун. Навлажнете го и намачкајте на местото на убод. Ќе почувствувате моментално олеснување.

Ги отстранува тврдокорните дамки

На дамките втријте влажен сапун. Оставете да се исуши, а потоа исперете во машина, како што обично правите.

Ја решава смрдеата од обувките

Во обувките или патиките ставете сапун и допуштете да преноќи. Наутро ќе мирисаат како нови.

Јастуче за игли

Сапунот замотајте го ткаените и прицврстете ја со украсна врвка. Одлично ќе послужи како јастуче за игли.

Заштитете ги ноктите

Пред да започнете со работа во градината, или некоја друга подеднакво валкана, нанесете сапун под ноктите. Слојот ќе спречи таложење на ѓубрето длабоко под ноктите. Освен тоа сапунот ќе го отстраните полесно од ѓубрето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1