Трајче освојува: Петок 13 најсреќен ден во мојот живот, пеев заедно со Тони Цетински (ВИДЕО)


Она што е најнова радост за Трајче е повикот од Тони Цетински да му биде гостин на двата концерти што се одржаа на 12 и 13 март во белградскиот Сава Центар.

На големата сцена заедно ја испејаа песната „Од милион жени“, а по настапот Трајче напиша:

-Петок 13 најсреќен ден во мојот живот, имав преголема чест да присуствувам на концерт на еден од најдобрите пејачи на Балканот. Благодарам Тони Цетински на поканата и на убавата вечер што ми ја приредивте.500toni-trajce

Хрватскиот пејач од самиот почеток на шоуто за таленти не ги крие симпатиите и поддршката за Трајче, па така во неколку наврати го пофали на својот Фејсбук профил и во скорешните интервјуа.

Дека пред младиот Трајче Ѓеоргиев е светла иднина, на многумина им стана јасно уште со првото негово појавување на натпреварот „Пинкови Ѕвездички“, каде за цели три минути успеа да ги освои срцата на целиот Балкан и воедно да стане еден од фаворитите за победа.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1