Тројца мртви во страшна сообраќајка на патот Кичево-Демир Хисар


На 14.03.2015 година околу 13,00 часот на патот Кичево-Демир Хисар, кај с.Белица, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ “Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од Прилеп и ПМВ “Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Реџеп М.(58) од с.Лисичани, кичевско.

soobrakjajka Од здобиените повреди на лице место починале Реџеп, неговата сопруга Сание М.(47) и неговиот син Рејхан М.(25) кои биле сопатници во возилото. Во нeзгодата со тешки телесни повреди се здобил и Ф.И. кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница во Прилеп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1