Скандал: За публицитет на министер објавени спремни текстови за херојско спасување бебе – пред падот на хеликоптерот


Готов текст кој требало да им обезбеди „херојска слава“ веќе им бил испратен на медиумите. Во текстот може да се забележи дека уште на почетокот се спомнува клучната улога која министрите ја одиграле и се прејудицира изходот на целата спасувачка операција, која трагично заврши.Но, граѓаните на Србија шпекулираат дека министрите Гашиќ и Лончар на белградскиот аердором сакале да се прикажат како херои и да се осигураат дека фотографијата со болното бебе ќе им се најде на насловните страници.mkd-181771

Српските медиуми, меѓу кои и најстариот дневник “Политика”, заведени од медиумските кампањи за херојства на државни функционери од власта, следејќи ја драмата за спасување на бебето објавија однапред спремни ПР текстови, дека хеликоптерот со бебето слетал на аеродромот “Никола Тесла”, каде го пречекал и министерот за здравство.

Во моментот кога текстовите излегоа со наслови како: Хеликоптерот со бебето слета на белградскиот аеродром, хеликоптерот веќе бил исчезнат. Во некои опозициони медиуми се шпекулираше дури и дека бебето, место да се пренесе во болницата во Краљево, намерно е пренесено со хеликоптер за да може да се креира настан за публицитет на министерот за здравство. 47546DECCC4AF045B384375B2D60F40A

Српското Министерство за одбрана соопшти дека седуммина загинаа прексиноќа во реонот на Белград, при уривање на хеликоптер на војската на Србија, кој превезувал бебе старо пет дена од Нови Пазар кон белградскиот аеродром “Никола Тесла”.
Меѓу загинатите се четворица припадници на српското Воено водухопловство, лекарот, анестезиологот и бебето спасено при одрон на патот кај Рашка. Хеликоптерот од типот Ми-17 требало да го пренесе тешко болното бебе до Белград за да биде хоспитализирано на Институтот за мајка и дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1