За 23 годишниот Хумберто Моура натпреварот во пиење заврши трагично.
Тој починал откако испил 25 чаши вотка за помалку од 60 секунди.![]()
На својот профил на Фејсбук напиша статус во кој го цитира Рускиот поет Владимир Маијаковски во кој вели „Подобро е да умреш од вотка отколку од досада“.
Медицинскиот персонал ги однел Моура и уште неколку студенти во болница, но тој починал во амбулантното возило. Докторите подоцна дале изјава дека тој починал од труење со алкохол.
Уште три лица се задржани на интензивна нега.










