Авионот кој летал кон Денвер, непланирано се приземјил во Вашингтон, кога еден човек започнал да вика „Џихад! Џихад!“.
Неколку храбри патници го нападнале и го совладале човекот кој се обидел да го држи авионот во заложништво. Инцидентот се случил вчера.
Инаку, во авионот имало 33 патници и шест членови на екипажот. Кога авионот се приземјил, обезбедувањето го одвело во болница.