Дваесет и пет годишна жена го вознемири персоналот на аеродромот на Филипините, кога се обидела своето бебе да го прошверцува во ранец.
Жената го ставила своето 2-месечно бебе во ранец, но за среќа персоналот го видел преку скенерот.
Како што пренесуваат од ABS-CBN, бебето цврсто спиело кога било пронајдено.
Жената е уапсена, а против неа ќе се поднесе соодветна пријава за загрозување на животот на нејзиното бебе.