30 годишниот Милош Мариќ на сослушувањето признал дека пукал по куќите на соседите од љубомора. Мариќ беше уапсен во петокот. Воглавно се бранел со молчење, и одреден му е 30 дневен притвор за да не го повтори делото.
– Не можам да се вработам откако пред една година дадов отказ на работа. И јас сакам убав живот каков што имаат моите соседи. Лично, никого не познавам од оние во чии куќи и коли завршија куршумите, изјавил Милош Мариќ, снајперистот од Нови Сад
– Сите се збогатија, а јас со 30 години не. Ги набљудував како лагодно живеат, а јас немам ниту работа. Бев љубоморен на луѓето околу мене. Ги набљудував соседите кои имаат куќи, возат добри коли и имаат се` што им треба, а што би сакал и јас. Тие на брз начин се збогатија, а јас со 30 години не успеав, рекол за време на криминалистичката обработка во полиција Милош Мариќ (30) од Петроварадин, кој е уапсен во петокот под сомнение дека осум дена ги тероризирал соседите, во чиј куќи и автомобили истрелал десетици куршуми, пишува српски Курир.
Мариќ, кој порано бил специјалец во војска, рекол дека повеќето од луѓето не ги познавал, но ги набљудувал како жртви.
Меѓутоа, се уште се утврдува вистинскиот мотив, бидејќи напаѓачот не пукал само на богатите комшии.