Арапската телевизија Ал Џезира со својата документарна емисија која предизвика бурни реакции во јавноста поради манипулативниот контекст во кои пренесувани информациите, а Македонија беше преставена како заостаната земја, наговести започнување на криза.
Во истиот документарец заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека работите ќе се влошуваат, а тука е и изјавата на лидерот на ветераните на ОНА кој пред картата на Голема Албанија најавува дека Албанците се подготвени да се борат.
Опозицискиот Фокус два дена подоцна излезе со текст за формирање на преодна влада, што е и клучно барање на СДСМ, каде Албанец ќе биде премиер. Во неделникот се споменува и дека Албанец треба да биде назначен и за директор на МРТВ,